Четири генерации на Вардар се пласираа во финалињата на Детските Лиги

Во недела на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ во Скопје, четири генерации на Вардар ќе учествуваат во финалните натпревари на Детските Лиги. 

Генерацијата 2005 година во финалето во 10:30 часот ќе се сретне со Академија Пандев. Генерацијата 2006 година, ќе игра против Албарса во финалето кое почнува во 10:45 часот. Финале обезбеди и Вардаровата генерација 2007 година, која за пехарот ќе се бори со Фер Плеј, меч кој почнува исто така во 10:45 часот. Во 10:30 часот, финален натпревар ќе одигра генерацијата 2008 година која ќе се сретне со Академија Пандев. 

Денеска беа одиграни полуфиналните мечеви, во кои што сите Вардарови тимови успеаја да изборат место меѓу најдобрите, и утре да се борат за освојување на пехарите. 

сабота, 2 јуни 2018