Вардар го победи Пелистер во првото финале од Купот на Македонија

Пред точно 23 години, фудбалерите на Вардар на денешниот датум – 23 мај, го освоија првиот трофеј во премиерното финале од националниот Куп на независна, самостојна и суверена Република Македонија.

Во историската битка за престижниот наслов, „црвено-црните“ го совладаа вечниот ривал, битолски Пелистер, со минимални 1-0, а стрелец на единствениот погодок беше легендарниот Жанко Савов, во 88. минута од средба.

По завшрувањето на мечот, тогашниот претсетдател на републиката Киро Глигоров, му го врачи победничкиот пехар на вардаровиот капитен, Љупчо Марковски – Калц.

Под водство на најтрофејниот тренер во нашата клупска историја, Ѓоко Хаџиевски, вардарците по осамостојувањето на татковината, во сезоната 1992/93 ја освоија и првата двојна круна на домашаната фудбалска сцена.

ФИНАЛЕ, КУП НА МАКЕДОНИЈА 1992/93: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 1-0

Градски Стадион, во Скопје.

Гледачи: 20.000

Главен судија: Гоце Попев (Скопје); Помошници: Ванчо Коцев (Штип) и Бранко Манојловски (Тетово).

Стрелец: Савов 88’ – Вардар.

Жолт картон: Јовановски – Вардар.

ВАРДАР: Филевски, Јовановски (Ангелов), Спасески, Садики, Костов, Марковски, Наумовски (Ефтимов), Тодоровски, Савов, Ќириќ, Милошевски.

ПЕЛИСТЕР: Милошевски, Грозданов, Василевски, Канатларовски, Димов, Цветановски, Пресилски (Марковски), Т. Мицевски, В. Мицевски, Каранфиловски (Стерјов), Ставревски.

Видео од победоносниот погодок:

 

понеделник, 23 мај 2016