На денешен ден: „Црвено-црните“ гостуваа на „Аноета“

На денешен ден 2. ноември во 2017 година, Вардар имаше гостување кај шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад во рамките од 4. коло од групната фаза во Лигата на Европа. На стадионот „Аноета“, нашиот тим беше поразен со 3:0, и тој натпревар дојде веднаш по оној дуел во Скопје кој заврши со победа на шпанската екипа со 6:0. Со тоа Реал Сосиедад заврши без примен гол во дуелите со Вардар во двата натпревари. 

На „Аноета“ која во тој момент се реновираше имаше 23.000 гледачи, а Сосиедад дојде во водство со голот на Хуанми во 31. минута. На 2:0 зголеми Де ла Бела во 69. а Баутиста во 81. минута зголеми и на 3:0, што беше конечен резултат на мечот. 

Вардарци беа немоќни да сторат нешто против големиот фаворит, а овој пораз и дефинитивно значеше губење на шансите за завземање на првите две места во групата Л, односно значеше елиминација од понатамошните натпревари во Лигата на Европа, иако до крајот имаше уште две кола. 

Сепак, ова беше едно од најголемите искуства за Вардар против шпанскиот тим. 

Р. СОСИЕДАД - ВАРДАР         3:0 (1:0)

Стадион: „Аноета“ во Сан Себастијан, Шпанија. Гледачи: 23.000.

Судија: Роберт Шергенхофер (Австрија).

Стрелци: 1:0 Хуанми 31’, 2:0 Де ла Бела 69’, 3:0 Баутиста 81’

Ж. Картони: Хамбарџумјан, Новак (В).

Р. СОСИЕДАД: Рули, Горозабел, Навас, Мартинез, Де ла Бела, Зурутуза (46’ Иљараменди), Зубелдиа, Каналес, Хуанми, Ојарзабал (70’ Јанузај), Вилиан Хозе (62’ Баутиста).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Новак, Грнчаров, Глишиќ (64’ Велковски), Марковиќ (64’ Муслиу), Николов, Фелипе, Џигаури, Барсегјан (75’ Блажевски), Итало.

петок, 2 ноември 2018