Ден за историја: Во Скопје се играше групна фаза од Лига на Европа

На денешен ден лани во 2017 година, се испиша историја во македонскиот клупски фудбал. Таа историја беше испишана од најдобриот македонски клуб Вардар кога на домашен терен играше против рускиот гигант Зенит Сант Петербург. 

На крајот Русите беа подобри и заслужено победија, а првото искуство на Вардар и на еден македонски клуб воопшто во ваков ранг на натпреварување не мина како што посакувавме. 

Зенит со головите на Кокорин (2), Дзјуба, Ивановиќ и Ригони славеше убедлив триумф од 5:0. 

Сите детали како и видео од головите на тој историски натпревар, на следниот ЛИНК.

Тука и ФОТОГАЛЕРИЈА од мечот.

Потсетување на составите и стрелците на овој натпревар: 
 

ВАРДАР - ЗЕНИТ              0:5 (0:3)

Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 15.000.

Судија: Јакоб Келет (Данска).

Стрелци: 0:1 Кокорин 6’, 0:2 Кокорин 21’, 0:3 Дзјуба 39’, 0:4 Ивановиќ 66’, 0:5 Ригони 89’

Ж. Картони: Фелипе, Итало (В).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Велковски, Брдаровски (44’ Глишиќ), Глигоров (64’ Муслиу), Николов, Фелипе, Џигаури, Блажевски (70’ Итало), Барсегјан.

ЗЕНИТ: Лунев, Кришито, Ивановиќ (78’ Терентјев), Мевлја (82’ Жирков), Мамана, Кузјаев, Краневитер, Нобоа, Кокорин (64’ Ригони), Дзјуба, Полоз.

петок, 14 септември 2018