Зоран Јовановски

Непобедливиот вардаров тим по осамостојувањето на Македонија и хет-трикот на титули не можеше да се замисли без тетовецот Зоран Јовановски во одбраната.

Јовановски, роден на 21 август 1972 година мина шест години во Вардар, од 1991 до 1997 година и одигра 139 мечеви во црвено-црниот дрес, а беше и македонски репрезентативец забележувајќи 30 настапи за македонската фудбалска репрезентација.

Во тимот со Ќириќ, Савов, Сашо Милошевски, Тони Ангелов, Зоран Јовановски исто така имаше голем удел во тројната круна по ред на Вардар од 1993 до 1995 година. По 1997 година направи трансфер во Хелсинборг, а потоа освојуваше титули и со Слога Југомагнат и Работнички.

четврток, 15 октомври 2015