Жарко Оџаков

Еден од најдобрите вардарови играчи за врска на средината од теренот, Жарко Оџаков е роден на 11 ноември 1955 година, во Скопје.

За тимот на Вардар дебитира во сезоната 1973/74, настапувајќи во „црвено-црниот“ дрес низ девет првенствени циклуси, се до 1982 година. Пред да замине во Австралија, Оџаков за најтрофејниот македонски клуб, има одиграно вкупно 224 натпревари, на кои постигнал 32 погодоци.

По завршувањето на кариерата како активен играч, Жарко Оџаков кус период работеше како шеф на стручниот штаб, предводејќи го сениорскиот тим на Вардар до второто место на првенствената табела, во сезоната 2000/01, со што беше обезбеден пласман во Купот на УЕФА.

четврток, 15 октомври 2015