Жанко Савов

Стрелец на единствениот гол, во првиот финален натпревар од националниот куп на независна Република Македонија, во 1993 година, беше Жанко Савов.

Токму балагодарение на неговиот погодок во последните минути од мечот, Вардар го совлада битолски Пелистер, со минимални 1:0, освојувајќи го премиерниот трофеј во најмасовното натпреварување на домашната фудбалска сцена.

Жанко Савов е роден на 14 септември 1965 година, во валандовско Удово. Боите на „црвено-црниот“ великан од Скопје, ги брани во периодот од 1991 до 1995 година, кога Вардар со трите освоени титули во првенството и двата трофеи во купот, неприкосновено владее на македонската фудбалска карта, во првите три сезони по осамостојувањето на државата.

четврток, 15 октомври 2015