Вукашин Вишњевац

Истакнaтиот југословенски стратег Вукашин Вишњевац, во два наврати во периодот од 1983 до 1986 година, го водеше стручниот штаб на Вардар.

Под негово водство, во дресот со „црвено-црните“ бои, во првата лига на Југославија, дебитираа играчите кои подоцна ќе ја освојат и шампионската титула во југословенското првенство, како Панчев, Сетинов, Јаневски и другите.

Вишњевац е роден на 15 јуни во далечната 1939 година, во Гацко (денешна Република Српска, како составен дел од Федерацијата Босна и Херцеговина).

За последен пат го водеше кормилото на Вардар во сезоната 1985/86, кога тимот под негова команда, го освојува солидното осмо место на првенствената табела, меѓу фудбалската елита во поранешната држава.

среда, 14 октомври 2015