Вујадин Станојковиќ

Еден од најдобрите фудбалери на сите времењиа, кој настапувал на десната бековска позиција во дресот на Вардар, е Вујадин Станојковиќ. Роден на 10 септември 1963 година во Куманово, Станојковиќ со 29 одиграни првенствени средби, дебитира во сезоната 1986/87, како дел од „златната“ вардарова генерација го освои првото место на табелата, во државното првенство на поранешна Југославија.

Во „црвено-црниот“ дрес, поранешниот југословенски и македонски репрезентативец, настапува се до 1989 година. За првиот тим на Вардар има одиграно приближно 100 натпревари, меѓу кои двата од дуелот против тогашниот континентален првак Порто, во Купот на Европските Шампиони, на 16-ти, односно 30-ти Септември, 1987 година.

Акутелниот македонски селектор на националниот тим до 17-годинишна возраст, во сезоната 2004/05 беше и шеф на стручниот штаб на Вардар, предводејќи ги своите избраници до второто место на првенствената табела и учеството во Купот на УЕФА.

среда, 14 октомври 2015