Васко Кокиновски - Макара

Запаметен како префинет техничар и вистински мајстор во играњето со фудбалската топка, Васко Кокиновски е еден најдобрите фудбалери на Вардар и вистински лидер на тимот, во првите години од неговото постоење.

Иако својата кариера ја започнува како голман, славниот Макара има настапувано на речиси сите позиции, на вкупно одиграните 335 натпревари во дресот на ФК Вардар.

Кокиновски, боите на клубот ги бранеше безмалку цела деценија, се до сезоната 1956/57, притоа носејќи ја и капитенската лента, како еден од најпожртвуваните играчи во тоа време. По завршувањето на кариерата како активен фудбалер, легендарниот фудбалски великан од четириесеттите и педесеттите години на минатиот век, работеше како тренер и во вардаровата фудбалска школа.

четврток, 15 октомври 2015