Вандаир Оливеира Дош Сантош

Интернационалецот од Бразил, со македонско државјанство, Дош Сантош Оливеира Вандаир е рекордер според бројот на постигнати голови во дресот на Вардар, на натпреварите од рамките на европските фудбалски купови.

Вандаир, кој е роден на 15 мај 1980 година, во Морада Нова де Минас, вкупно 13 пати ги тресел противничките мрежи на меународната сцена.

Несудениот македонски репрезентативец, со четирите погодоци на дуелите против екипите на Бери Таун од Велс и московска ЦСКА, го предводеше тимот на Вардар, до историскиот пласман во третото квалификациско коло од Лигата на Шампионите, во сезоната 2002/03.

Поранешниот напаѓач и врвен голгетер, кој совевремено беше и вистински миленик на навивачите, за „црвено-црните“ од Скопје, настапуваше во дури три наврати во текот на неговата кариера. Вандаир, најпрвин играше за Вардар во периодот од 2003 до 2005 година. Потоа беше дел од тимот и во сезоната 2006/07, кога беше освоен и петтиот трофеј во Националниот Куп на Република Македонија. Легендарниот Бразилец, беше стрелец на вториот од двата погодока во големото финале, каде Вардар ја совлада прилепска победа со резултат 2:1.

За последен пат во вардаровиот дрес, Вандаир настапуваше во пролетната полуетапа од сезоната 2010/11, обидувајќи се да му помогне на клубот да обезбеди опстанок во првата македонска лига. Севкупно, популарниот Ване има одиграно преку 100 натпревари во нападот на осумкратниот македонски првак, со импресивен ефект од 64 постигнати голови во домашните и меѓународните натпреварувања.

четврток, 15 октомври 2015