Ванчо Трпевски

Непроценлив е придонесот на Ванчо Трпевски во Вардар, тренер кој го посвети целиот живот на црвено-црните.

Популарниот Чукаре за Вардар не одигра многу, само 16 мечеви, но затоа тренерски се посвети од пионерите до сениорите. Најголемиот дел од својот цел тренерски стаж го мина посветувајќи им најголемо внимание на младите категории во младинско-пионерската школа „Кирил Симоновски – Џина“. Беше и тренер на вардаровиот тим во втората шампионска генерација во сезоната 1993/94.

Трпевски беше селектор-тренер на пионерската, јуниорската и сениорската селекција на Македонија во бивша Југославија, а беше и селектор на јуниорската и на младата селекција во Македонија. Добитник е на признанието за животно дело од тренерската организација на Македонија.

четврток, 15 октомври 2015