Тони Савевски

На 14 јуни 1963 година, во Битола е роден Тони Савевски, еден од најдобрите играчи за врска кои некогаш го носеле дресот на Вардар.

За „црвено-црните“ од Скопје, Савевски дебитира во сезоната 1980/81 и останува во клубот се до 1988 година. Најголемиот успех го постигнува во натпреварувачката 1986/87, кога вардарци завршуваат на врвот на табелата во југословенскиот фудбалски шампионат. Во оваа сезона, Савевски беше рекордер според бројот на настапите меѓу вардаровите фудбалери, со 33 одиграни првенствени средби.

Низ осумте прекрасни сезони минати во дресот на Вардар, Савевски одигра повеќе од 250 натпревари за најдобриот македонски фудбалски клуб. Меѓу нив се оние две пресметки, во Купот на Европските Шампиони, против тогашниот континентален првак Порто.

среда, 14 октомври 2015