Стојмир Урошевиќ

Поранешниот вардаров играч за врска, Стојмир Урошевиќ е роден во Тетово, на 24 декември 1960 година. За „црвено црните“ од Скопје, настапува најпрвин во периодот од од 1982 до 1986 година, кога Вардар со освоеното петто место во сезоната 1984/85 во југословенското првенство, обезбедува пласман во Купот на УЕФА.

Урошевиќ одигра три од четирите одиграни средби на европската сцена.

Во редовите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Тетовчанецот повторно се враќа во  1989 година и останува се до крајот на неговата кариера. Од активното играње фудбал, се простува на најдобар можен начин со освојувањето на двојната круна во првата фудбалската сезона (1992/93), во независна Република Македонија. Урошевиќ за Вардар има одиграно повеќе од 200 натпревари и настапено на преку стотина прволигашки средби во првенствата на Југославија и Македонија.

среда, 14 октомври 2015