Стојан Чамински

Претседател на ФК Вардар, во сезоната 1986/87, кога клубот ја освои единствената шампионска титула во првата лига на поранешна Југославија, беше Стојан Чамински.

Оваа одговорна функција, како што впрочем покажуваат и постигнатите резултати, Чамински со успех ја извршуваше во периодот од 1985 до 1989 година.

За време на неговото четиригодишно раковедење, „црвено-црните“ во два наврати настапија и на меѓународната сцена, со вкупно шест одиграни натпревари во европските фудбалски купови.

Вербата во сопствениот стручен и играчки кадар, беше основната стратешката определба, врз основа на која се носеа сите одлуки поврзани со клубот, под водство на Чамински. Поставувањето на легендите на клубот, на клучните позиции во стручниот штаб и раководните структури, како и подмладувањето на тимот со играчи од младинскиот погон, се покажаа како добитни потези, во шампионскот поход кон првенствената круна во 1987 година.

 

четврток, 15 октомври 2015