Сократ Мојсов

Препознатлив по головите кои ги постигнуваше со глава и неговата способност да погоди од невозможни позиции, Сократ Мојсов несомнено е еден од најдобрите вардарови играчи, од шеесетите години на минатиот век.

Роден е на 1 март 1942 година, во населенето место Сетина во егејскиот дел на Македонија. Во дресот на Вардар, настапува цели 12 сезиони во периодот од 1959 до 1971 година.

За скопските „црвено црни“, има одиграно вкупно 362 натпрвари (213 првенствени) и постигнато 166 погодоци (67 на лигашките средби), заземајќи место меѓу десетте најдобри стрелци во историјата на клубот. Сократ Мојсов исто така беше дел и од генерацијата, која во сезоната 1960/61 го освои трофејот на Маршал Тито, во националниот куп на СФР Југославија.

По завршувањето на кариерата како активен играч, Мојсов беше тренер на младите вардарови фудбалери, кои под негово водство во 1975 година станаа југословенски шампиони во младинска категорија. Исто така беше дел од стручниот штаб како прв асистент и во сезоната 1983/84, кога младинците на Вардар триумфираа во финалето од младинскиот куп.

среда, 14 октомври 2015