Слободан Горачинов

Горачинов е роден во Скопје, на 20 Јануари 1963 година. За првиот тим на Вардар настапува во периодот од 1983 до 1987 година. Притоа има одиграно 74 натпревари, од кои 49 биле првенствени и 2 на меѓународната сцена, во дуелите од рамките на Купот на УЕФА, против екипите на Динамо од Букурешт и Данди Јунајтед.
По завршувањето на активната фудбалска кариера, Горачинов кус период беше ангажиран и како шеф на стручниот штаб на ФК Вардар, во сезоната 1996/97.