Славко Дацевски

По победата со резултат од 2:1, над тимот од Вардарждин, токму Дацевски како носител на капитенската лента, ја имаше честа прв да го подигне победничкиот трофеј на Маршалот Тито. Дванаесет години претходно, Дацевски беше дел и од младинската екипа на Вардар, која стана државен првак на ФНР Југославија, во соодветната возрасна категорија.
Роден е на 9 Јули во далечната 1930 година и во дресот на првиот тим настапува прво од 1950-тата до 1955—тата, а потоа и од 1960-тата до 1965-тата. Неговиот севкупен биланс гласи 16 погодоци на 376 одиграни натпревари. Иако повеќе не е меѓу живите, Дацевски и натаму е запеметен како еден од најдобрите вардарови и македонски фудбалери, од педесеттите и шеесеттите години на претходоно столетие.