Саша Ќириќ

Саша Ќириќ е фудбалерот кој има постигнато најмногу погодоци во дресот на Вардар, во рамките на еден фудбалски шампионат.

Поранешниот репрезентативец, во премиерното издание на македонското првенство, вкупно 36 пати ги тресеше противничките мрежи, предводејќи го вардаровиот состав до првата шампионска титула, како најдобар стрелец во лигата, за сезоната 1992/93.

По пауза од една година, истиот успех го повтори и во натпреварувачката 1994/45, кога со 35 постигнати голови, повторно го предводеше нападот на „црвено-црните“, во походот кон освојувањето на двојната круна, на домашната сцена. Благодарение на неговите реализаторски способности, клубот го освои третиот последователен шампионски примат во првата лига и по втор пат го подигна победичкиот пехар во македонскиот куп.

Поранешниот вардаров голгетер, е роден на 11 Јануари 1968 година во Куманово. Како првотимец на Вардар во периодот од 1991 до 1995 година, Ќириќ може да се пофали со два освоени трофеи во државното првенство и националниот куп, на независна Република Македонија. На натпреварите од рамките на домашниот шампионат, има постигнато повеќе од 70 првенствени голови.

четврток, 15 октомври 2015