Петар Шулинчевски

Роден е на 16 март, 1938 година во Ресен и за првиот тим на Вардар дебитира на 18 годишна возраст, на натпреварот против Хајдук во Сплит во сезоната 1956/57.
За тимот од Скопје настапува и во наредните 12 години, при што има одиграно вкупно 317 натпревари и постигнато 190 погодоци, благодарение на кои се наоѓа на четвртото место на клупската листата на стрелци, на сите времиња. Шулинчевски исто така беше дел од тимот, кој го освои и победничкиот трофеј во националниот југословенски куп, во сезоната 1960/61. Меѓу другото, популарниот Шули се памети и како стрелец на првиот погодок за „црвено-црните“, на европската сцена, во пировата победа од 2:0 над шкотскиот Данфермлајн, на возвратниот натпревар во Скопје, од рамките Купот на Победниците на Куповите.
Легендарниот Ресенчанец, своевремено беше и капитен, додека по завршувањето на играчката кариера, работеше и како тренер во првиот тим и младинските екипи на Фудбалскиот Клуб Вардар.