Петар Милошевски

Петар Милошевски иако мина една сезона во Вардар, остави неизбришлив траг во најтрофејниот македонски клуб, бранејќи во годината во која црвено-црните го освоија националниот Куп во 1998 година.

Милошевски е роден на 12 декември 1973 година во Битола и до доаѓањето во Вардар мина цела една деценија во Пелистер. Со Вардар стигна до куп-трофејот, по што го направи еден од најголемите трансфери во историјата, директно од македонски клуб во странство, потпишувајќи за Трабзонспор.

Милошевски беше стандарден македонски репрезентативец, зад неговото име останаа запишани 59 мечеви во националниот тим, освен за Трабзон, играше и во Малатијаспор, Акчабат и кипарски Еносис, по што ја заврши кариерата и беше поставен како директор на репрезентацијата.

На 13 март 2014 година, во тешка сообраќајна несреќа во Куманово го загуби животот, но меѓу сите ќе остане запаметен како македонска фудбалска легенда.

четврток, 15 октомври 2015