Перица Груевски

Со вкупно 416 одиграни натпревари во „црвено-црниот“ дрес, Перица Груевски е еден од седумтемина фудбалери со најмногу настапи за тимот на Вардар.

Роден е во 1952 година, во Скопје и својата професионална кариера ја започнува, токму во редовите на најславниот македонски фудбалски бренд. Како вардаров првотимец, Груевски дебитира во сезоната 1971/72 со 7 настапи на лигашките средби. Боите на клубот ги брани цели 11 сезони сѐ до 1983 година.

Груевски во 90-тите години на претходното столетие, исто така работеше и како тренер во тимот на Вардар. Почина ненајдено на 54 годишна возраст, во својот дом во Скопје, на 23 декември 2006 година.

среда, 14 октомври 2015