Пепи Георгиевски

Битолчанецот Петар Георгиевски, роден е на 16 мај 1960, во „Градот на Конзулите“, меѓутоа практично целата своја кариера како професионален фудбалер ја минува во редовите на „црвено-црните“ од Скопје.

Во дресот на Вардар, Георгиевски дебитира во сезоната 1978/79 и боите на клубот ги брани сѐ до 1989 година. Популарниот Пепи, како вардаров првотимец има одиграно повеќе од 260 натпревари, меѓу кои и двете средби од Купот на Европските Шампиони, против тимот на Порто. Во моментов е ангажиран како тренер во младинско-пионерската школа на клубот.

среда, 14 октомври 2015