Муарем Зекир

На 26 август 1973 година, во Скопје е роден Муарем Зекир, еден од најдобрите чувари на вардаровата мрежа, во годините по осамостојувањето на Република Македонија.

Како голман на Вардар, Зекир во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули во државното првенство (1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02 и 2002/03), како и три трофеи во националниот куп (1992/93, 1994/95 и 1998/99).

Некогашниот миленик меѓу стативите, на „црвено-црните“ симпатизери, исто така го чуваше вардаровиот гол на пет натпревари од незаборавната евро-одисеја во сезоната 2002/03, кога најтрофејниот македонски фудбалски клуб, беше на чекор до пласман во групната фаза, од Лигата на европските Шампиони.

четврток, 15 октомври 2015