Мирко Спасески

Актуелниот претседател на Вардар, Мирко Спасески е роден на 4 март, во 1962 година. За најтрофејниот македонски фудбалски клуб, како професионален фудбалер настапува цели осум сезони, во периодот од 1987-мата, до 1995-тата.

Најголемите успеси во „црвено-црниот“ дрес, ги постигнува во првите три сезони по осамостојувањето на Република Македонија, кога Вардар како неприкосновен лидер на домашната сцена, ги освојува трите шампионски титули во првата лига, надополнети со двата трофеи во националниот куп.

Како еден од најискусните играчи во клубот, Спасески ја имаше честа да ја носи капитенската лента токму во сезоните 1993/94, односно 1994/95, непосредно пред залезот на неговата активна фудбалска кариера.

четврток, 15 октомври 2015