Мирко Петров

Со 30 одиграни првенствени натпревари и шест постигнати голови во сезоната 1986/87, Мирко Петров беше еден од фудбалерите, кои на Вардар му ја донесоа единствената првенствена титула во државниот шампионат на поранешната СФР Југославија.

Легендарниот Петров е роден на 1 ноември 1956 година, во Скопје и во дресот со „црвено-црните“ бои дебитира во сезоната 1985/86.

За првиот тим на Вардар има одиграно вкупно 76 натпревари, на кои 14 пати ги тресел противничките мрежи. По завршувањето професионалната кариера како активен играч, Петров долги години работеше како тренер со младите таленти во вардаровата фудбалска школа.

среда, 14 октомври 2015