Мирко Илиевски

Мирко Илиевски е еден најзаслужните фудбалери, благодарение на кои Вардар го освои Националниот Куп на поранешна Југославија, во далечната 1961 година.

На финалниот натпревар одигран во Белград на 26 Мај, Илиевски беше асистен при постигнувањето на првиот и стрелец на вториот погодок, во победата од 2:1 против тимот на Вартекс од Вараждин.

Популарниот Брбале, како што беше познат меѓу вардаровите фудбалери и симпатизери, за тимот на Вардар настапува осум сезони во периодот од 1956 до 1964 година. Во дресот на фудбалскиот великан од Скопје, има одиграно вкупно 325 натпревари и настапено на 191 првенствена средба, со 89 постигнати погодоци во противничките мрежи. Илиевски исто така ги одигра и двата премиерни натпревари за клубот на европската сцена, кога Вардар во сезоната 1961/62, ги одмери силите против шкотскиот Данфермлајн, во Купот на Националните Куп Победници.

среда, 14 октомври 2015