Методија Спасовски

Легендарниот Методија Спасовски, со своите 647 настапи (375 првенствени) и 212 погодоци, се наоѓа на второто место на вечните вардарови листи, според бројот на одиграни натпревари и постигнати голови.

Роден на 4 февруари 1946 година во Скопје, Спасовски е запеметен како еден од најголемите мајстори со фудбалската топка, во периодот по катастрофалниот земјторес, кој го погоди нашиот главен град. Во дресот на Вардар, дебитира во сезоната 1962/63 и останува верен на клупските бои во наредните 12 години.

Вториот вардаров стрелец, своевремено беше асистент на Андон Дончевски и помошник тренер во сезоната 1986/87, кога најтрофејниот македонски фудбалски клуб се искачи на шампионскиот трон, во првенството на Југославија. Подоцна, Спасовски беше назначен и за шеф на стручниот штаб, предводејќи го сениорскиот тим на Вардар во натпреварувачката 1988/89, во првата југословенска лига.

среда, 14 октомври 2015