Љупчо Марковски

На 24 фебруари 1968 година, во Скопје е роден Љупчо Марковски, еден од најдобрите одбранбени играчи во историјата на Вардар.

Како младинец, Марковски деше бел дел од исклучително талентираната вардарова генерација, која го освои југословенскиот куп во младинска категорија, во 1984 година.

Легендарниот Калц, во „црвено-црниот“ дрес на првиот тим, дебитира во сезоната 1985/86. Една година подоцна, со трите одиграни првенствени натпревари, Марковски учествува во освојувањето на единствената шампионска титула во витрините на клубот, како државен првак на поранешна Југославија.

По осамостојувањето на Република Македонија, Љупчо Марковски беше капитен во премиерната сезона 1992/93, кога Вардар ја освои двојната круна на домашната сцена. Поранешниот македонски репрезентативец, за осумкратниот македонски првак има одиграно вкупно 150 првенствени натпревари и постигнато девет погодоци. Во моментов работи со младите таленти, како прв тренер на вардаровиот тим до 19 годишна возраст.

четврток, 15 октомври 2015