Лазар Плачков

Меѓу најдобрите вардарови фудбалери, од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, повозрасните симпатизери со право се сеќаваат на името на Лазар Плачков.

Роден е во далечната 1942 година, додека за тимот на Вардар дебитира во сезоната 1966/67, доаѓајќи од редовите на Бачка Паланка. Боите на клубот ги брани вкупно осум сезони, се до 1974 година, при што има одиграно 347 натпревари во „црвено-црниот“ дрес, од кои 189 биле првенствени средби.

Лазар Плачков нажалост повеќе не е меѓу живите. Почина ненадејно на 5 Септемви 2013 година, во Белград, на 71-годишна возраст.

среда, 14 октомври 2015