Кочо Димитровски

Апсолутен рекордер, според бројот на настапите во дресот на ФК Вардар е Кочо Димитровски.

Човекот кој потекнува од младинската школа на клубот, каде ја помина и целата негова сениорска кариера, за „црвено црните“ има одиграно 845 натпревари (416 првенствени средби) и постигнато 95 погодоци.

Димитровски е роден на 13 март, 1950 година во Скопје. Првите чекори во клубот ги прави уште како дете на 11 годишна возраст, додека за првиот тим дебитира во 1968 година, на натпреварот против Партизан во Белград. За најтрофејниот македонски фудбалски колектив, настапува и во наредните 17 сезони, останувајќи му верен на Вардар се до натпреварувачката 1984/85-та.

По завршувањето на кариерата како професионален фудбалер, Димитровски долги години работеше како тренер на младите вардрови генерации. Во сезоната 1998/99, беше назначен и за шеф на стручниот штаб на сениорскиот состав, носејќи му го на клубот четвртиот трофеј во Националниот Куп на Република Македонија.

среда, 14 октомври 2015