Кирил Симоновски - Џина

На 19 октомври 1915 година, во Скопје е роден Кирил Симоновски, еден од најголемите великани не само на фудбалскиот клуб Вардар, туку и севкупно на целиот македонски фудбал, во периодот за време, како и по завршувањето на втората светска војна.

Популарниот Џина, својата слава како вистински фудбалски виртуоз, ја доживува настапувајќи за екипите на скопски Граѓански и ФК Македонија (двата тима кои се легитимни претходници на денешниот ФК Вардар).

По завршувањето на  народноослободителната војна, каде Симоновски им се придружува на партизанските чети во борбата за слобода, легендарниот Скопјанец во периодот од 1950 до 1953 година, забележа 75 настапи за тимот на Вардар, на кои што постигна 25 погодоци. Во неколку наврати, славниот Џина беше именувам и за предводник на стручниот штаб, помагајќи му на клубот да се избори за своето место меѓу елитата на југословенската фудбалска сцена.

Неговото јуначко срце, престана да бие на 68-годишна возраст, на 12 Јуни 1984 година во Белград. Во знак на благодарност кон неговите заслуги за развојот на фудбалот во нашиот главен град, долги години младинската школа при фудбалскиот клуб Вардар, го носеше токму неговото име.

среда, 14 октомври 2015