Кирил Дојчиновски

Прославениот великан на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски, е роден на 14 октомври 1943 година, во Скопје.

За тимот на Вардар настапува пет сезони, во периодот од 1962 до 1967 година. Притоа, во дресот со „црвено-црните“ бои има одиграно вкупно 218 натпревари и настапено на на 132 првенствени средби.

Легендарниот Дојчиновски, исто така во три наврати беше и шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, во сезоните 1990/91, 1996/97 и за последен пат во 2007/08, кога Вардар минуваше низ едни од најтешките денови од неговото постоење.

среда, 14 октомври 2015