Јовче Џипунов

Името на Јовче Џипунов е со неизбришливи букви запишано во шампионските походи, при освојувањето на првите две првенствени титули, во трофејната историја на Вардар.

Борбениот Џипунов, најпрвин беше дел од „златната“ вардарова генерација, која во сезоната 1986/87, го освои првото место на табелата, меѓу југословенската фудбалска елита. Потоа играше и во тимот на Вардар, кој ја освои двојната круна во премиерните изданија од државниот шампионат и националниот куп на независна Република Македонија, во натпреварувачкиот циклус за 1992/93 година.

Имено, Џипунов е роден на 14 Октомври, во 1964 година. Во дресот со „црвено-црните“ нијанси, настапува токму во периодот од 1986 до 1993 година, со освоените три претходо наведени трофеи. По завршувањето на фудбалската кариера, Џипунов до неодамна работеше со младите таленти во јуниорските и пионерските категории на ФК Вардар.

четврток, 15 октомври 2015