Јосиф Сребров

Иако повеќе не е меѓу нас, Јосиф Сребров и натаму останува запаметен од повозрасните вардарови навивачи, како еден од не само најдобрите, туку и најлојалните фудбалери, во долгогодишната историја на клубот.

Боите на најтрофејниот македонски фудбалски великан, ги бранеше во перидот од 1964 до 1975 година.

Со своите 427 настапи во „црвено-црниот“ дрес, Сребров кој своевремено ја носеше и капитенската лента, според брoјот на одиграните натпревари е меѓу првите десет рекордери на вечната вардарова листа. Во клупските анали, запишани се и неговите 48 погодоци како стандарден првотимец во составот на Вардар.

Легендарниот Сребров почина ненадејно на 21 декември 2001 година во Скопје, на 56-годишна возраст.

среда, 14 октомври 2015