Јане Јаневски

Првиот, официјално избран, најдобар македонски спортист, Јане Јаневски, беше дел од почетната генерација вардарови фудбалери, кои започнаа да ги пишуваат првите страни од богатата историја на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, во славната 1947 година.

Во дресот на новородениот ФК Вардар, Јаневски како еден од првите капитени на екипата, настапуваше се до сезоната 1952/53, со вкупно одиграни 242 натпревари, на кои постигнал повеќе од 100 погодоци во противничките мрежи.

Легендарниот Јане, исто така е запеметен како тренерот кој во 1949 година, ги предводеше младите Вардарци, до шампионската титула во младинска категорија, во тогашната ФНР Југославија. Подоцна, токму нему му беше доверена одговорноста да го води кормилото и на првиот тим на Фудбалскиот Клуб Вардар.

Според тоа, Јаневски е можеби единствениот вардаров великан, кој успеал да остави неизбришливи траги во клупската историја, истовремено како играч, капитен, голгетер и успешен тренер.

четврток, 15 октомври 2015