Гордан Здравков

Поранешниот фудбалер на Вардар Гордан Здравков, е запеметен како човекот кој му „пресуди“ на романскиот Динамо од Букурешт, во меѓусебниот двомеч од рамките на Купот на УЕФА, во сезоната 1985/86.

По поразот од 2:1 на првиот натпревар одигран на гостински терен, Вардар на реваншот во Скопје, токму со погодокот на Здравков успеа да дојде до минимален но доволен триумф од 1:0, за пласман во следната рунда.

Гордан Здравков е роден на 26 Април 1959 година, во Свети Николе. За првиот тим на Вардар дебитира во сезоната 1981/82. По едногодишна пауза, како стандарден првотимец во дресот со „црвено-црните“ бои, настапува во трите последователни сезони, во периодот од 1984 до 1986 година.

За најтрофејниот македонски клуб, Здравков има одиграно вкупно 185 натпревари и постигнато 57 голови.

среда, 14 октомври 2015