Горан Петрески

Познат меѓу соиграчите по прекарот „Чунга Лунга“, Горан Петрески е роден на 23 мај 1972 година, во Скопје.

Во првите три фудбалски сезони по осамостојувањето на Република Македонија, Петрески како дел од нападот на Вардар, учeствуваше во освојувањето на сите три првенствени титули, надополнети со двата трофеи во националниот куп.

Во дресот со „црвено-црните“ бои настапуваше сѐ до 1996 година. На меѓународната сцена, Петрески е запеметен како стрелец на вториот погодок, во победата од 2-0, што тимот на Вардар ја зебележа на гостински терен, против Самтредија од Грузија, во сезоната 1995/96 од рамките на Купот на УЕФА.

четврток, 15 октомври 2015