Ѓоре Јовановски

На 22 март 1956 година, во Скопје е роден Ѓоре Јовановски, еден од тројцата вардарови рекордери според бројот на одиграните натпревари во „црвено-црниот“ дрес.

За првиот тим на Вардар, има одиграно вкупно 486 (271) првенствени натпревари, надополнети со 16 прецизни удари во противничките мрежи.

Своето деби во вардаровите редови, Јовановски го има во сезоната 1974/75. На клупските бои им останува верен се до 1986 година, кога заминува во турксиот Самсунспор. Најголемиот успех како играч на Вардар, го постигнува во сезоната 1984/85, кога „црвено-црните“ од Скопје, со освоеното петто место во првата југословенска лига, обезбедуваат пласман во Купот на УЕФА.

Поранешниот македонски селектор, својата тренерска кариера исто така ја започнува како шеф на стручниот штаб на ФК Вардар во 1998 година, освојувајќи го Купот на Македонија во неговата дебитантска сезона.

среда, 14 октомври 2015