Ѓоко Хаџиевски

Најтрофеен тренер во долгата и богата историја на Фудбалскиот Клуб Вардар е Ѓоко Хаџиевски.

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, како шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“, може да се пофали со четири освоени првенствени титули (во сезоните: 1992/93, 1994/95, 2001/02 и 2002/03) и два трофеи во националниот куп на Република Македонија, за комплетирање на двојната круна во натреварувачките 1992/93 и 1994/95.

Хаџиевски е роден на 31 март 1955 година, во Битола. Како предводник од клупата на тимот на Вардар, дебитира во сезоната 1990/91 година, кога клубот под негово водство обезбеди пласман во последното издание, од првата лига на поранешна Југославија.

Во првите шест месеци од 2014 година, трофејниот домашен стручњак со големо меѓународно искуство, беше ангажиран и како спортски директор во раководните структури, на осумкратниот македонски првак.

среда, 14 октомври 2015