Филип Ѓурчиновски

Иако се поминати пет години, откако повеќе го нема меѓу нас, Филип Ѓурчиновски и натаму е запемен како најтрофејниот претседател во историјата на ФК Вардар, под чие реководство клубот ги постигнува најголемите успеси на македонска фудбалска сцена.

Ѓурчиновски, кој беше еден од основачите и на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), е роден на 17 мај, далечната 1935 година, во с. Тресонче, Галичник.

Како голем вубеник во спортот, функцијата претседател на раководните структури, во најтрофејниот домашен фудбалски клуб, ја извршуваше во периодот од 1989 до 1995 година. По крвавиот распад на поранешна Југославија и создавањето на самостојна Република Македонија, Ѓурчиновски вешто го управуваше „црвено-црниот брод“, кон сигурна пловидба, во тие бурни и нималку лесни транзициски времиња. За време на неговото шестгодишно раководење, Фудбалскиот Клуб Вардар во два наврати ја освои двојната круна, во сезоните 1992/93 и 1994/95, како втората шампионска титула во натпреварувачката 1994/95 од првата македонска лига.

Во знак на благодарност за постигнатите успеси, Ѓурчиновски беше прогласен и за почесен претседател на клубот. Почина на 4 август 2010 година, на 75 годишна возраст, оставајќи зад себе неизбришливи траги за развојот на спортот во нашата земја.

среда, 14 октомври 2015