Драги Сетинов

Еден од најдобрите вардарови дефанзивци, Драги Сетинов е роден на 13 фебруари 1961 година во Скопје.

За првиот тим на Вардар дебитира во сезоната 1982/83, со 31 настап на првенствените средби во шампионатот на Југославија. Две сезони подоцна, Сетинов исто така е дел од составот на Вардар, кој со освоеното петто место во првата сојузна лига, успева да обезбеди учество во Купот на УЕФА.

Одбранбениот играч со потекло од егејскиот дел на Македонија, ги брани боите на клубот се до 1986 година. За скопските „црвено-црни“, има одиграно вкупно 198 натпревари, од кои 114 се на лигашките средби и три на европската сцена. Неговиот поединечен учинок, е зачинет и со 17 погодоци во противничките мрежи.

По завршувањето на фудбалската кариера, Сетинов беше асистент во во стручниот штаб во сезоната 1998/99, кога Вардар триумфираше во македонскиот национален куп. Една деценија подоцна беше назначен за претседател на ФК Вардар, водејќи го клубот низ едни од најтешките мигови од неговото постоење.

среда, 14 октомври 2015