Драган Канатларовски

На 8 октомви 1960 година, во Битола е роден Драган Канатларовски, еден од најславините фудбалери на средината од теренот, во богатата историја на Фудбалскиот Клуб Вардар. Популарниот Цапар, беше стандарден првотимец во вардаровите редови, во периодот од 1985 до 1989, и притоа учествуваше како дел од тимот во освојувањето на шампионската титула, во сезоната 1986/87 од југословенското фудбалско првенство.

Во остварувањето на големиот успех, Канатларовски имаше несебичен придонес со пет постигнати погодоци, на 28 одиграни средби.

За време на периодот од неговата кариера, кој го мина во дресот со „црвено-црните“ бои, легендарниот Драги има настапено на повеќе од стотина натпревари. Играше и во европските купови на натпреварите против Динамо Букурешт и Данди Јунајтед во Купот на УЕФА, како и против тимот на Порто во Купот на Шампионите.

Поранешниот македонски слектор, во неколку наврати беше и шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Најголемиот успех како стратег на вардаровите фудбалери, Канатларовски го постигна во сезоната 2006/07, со освојувањето на петтата титула во националниот куп на Република Македонија.

среда, 14 октомври 2015