Чедомир Јаневски

Еден од најзаслужните фудбалери, благодарение на кои Вардар во сезоната 1986/87, за прв и единствен пат во својата историј,а ја освои шампионската титула во првата лига на поранешна Југославија, несомнено е и прославениот фудбалски ас, Чедомир Јаневски.

Популарниот Чеде е роден на 3 јули 1961 година во Скопје. Во споменатата „златна“ вардарова сезона, Јаневски настапи на 31 првенствена средба и четири пати ги тресеше противничките мрежи.

Севкупно, поранешниот македонски селектор, боите на клубот ги бранеше во периодот од 1982 до 1989 година. За Вардар има одиграно повеќе од 200 натпрвеари во „црвено-црниот“ дрес.

Јаневски беше поранешен македонски селектор. Тој беше на клупата на Вардар од август 2017 до април 2018 година, и ќе остане запаметен како тренерот кој ја предводеше екипата во најголемиот европски успех, и натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа. 

среда, 14 октомври 2015