Боро Узунов

Роден во далечната 1948 година, во пограничното село Богородица, кај Гевгелија, Боро Узунов беше еден од најдобрите вардарови фудбалери, во осмата деценија од претходното столетие.

За тимот на Вардар дебитираше во сезоната 1971/72 и дресот со „црвено-црните“ бои го носеше во наредните пет години. Како фудбалер на нашиот клуб, Узунов има одиграно вкупно 258 натпревари, од кои 131 биле првенствени средби, при што има постигнато вкупно 92 погодоци во противничките мрежи.

Легендарниот центарфор, исто така своевремено беше млад и успешен лекар, со оглед на тоа што за време на активната фудбалска кариера, студираше медицина. Иако почина на 20 мај 2009 година, повозрасните љубители на фудбалот вечно ќе се сеќаваат на погодоците на Узунов, од кого стравуваа сите голмани во првата лига на поранеша Југославија, бидејќи често пати знаеше да погоди дури и од најневозможните позиции.

четврток, 7 мај 2015