Борче Мицевски

Легендарниот вардаров фудбалер, Борче Мицевски е роден далечната 1955 година во Скопје. Дресот со „црвено-црните“ нијанси на најтрофејниот македонски фудбалски клуб го носеше цела деценија, во периодот од 1975 до 1985 година.

За тимот на Вардар, Мицевски има одиграно вкупно 408 натпревари (185 првенствени), на кои постигнал вкупно 120 погодоци (51 на лигашките средби). Според неговиот индивидуален учинок, заслужено се наоѓа меѓу десеттемина најистакнати рекордери според бројот на одиграните средби и постигнати голови, во историјата на нашиот клуб.

Исто така, Мицевски за последен пат беше дел од тимот на Вардар во сезоната 1984/85, кога со освоеното петто место во југословенскиот фудбалски шампионат, „црвено-црните“ по втор пат од своето основање се изборија за пласман во европските купови.

четврток, 15 октомври 2015