Благоја Видиниќ

Прославениот македонски голман, Благоја Видиниќ е роден на 11 јуни 1934 година, во Скопје.

Својата фудбалска кариера ја започнува во 1952 година, токму меѓу стативите на Фудбалскиот Клуб Вардар. Славниот Видиниќ, вардаровата мрежа ја чува и во наредните три сезони се до 1955 година. Поранешниот југословенски репрезентативец, кој има освоено и два олимписки медали, за тимот на Вардар има настапено на вкупно 144 натпревари, повеќе од било кој друг клуб во неговата понатамошна кариера.

И покрај тоа што неговиот живот завршува на 72 годишна возраст, на 29 декември 2006 година, во францускиот град Стразбур, Видиниќ и натаму ќе остане со „неизбришливо мастило“ запишан, како еден од најдобрите чувари на мрежата, во аналите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

среда, 14 октомври 2015