Атанас Мечкаров

Надалеку прочуен по неговата борбеност и неприкосновеност во играта во одбраната, Атанас Мечкаров е еден најдобрите дефанзивни фудбалери во клупската историја на ФК Вардар.

Своевремено, вардаровиот рекордер според бројот на добиените жолти картони, исто така е и еден од петтемина играчи со најмногу настапи во „црвено - црниот“ дрес, чии што бои ги брани цели девет сезони, од 1965 до 1974 година. Мечкаров, за тимот на Вардар има одиграно вкупно 435 натпревари, односно 231 првенствена средба.

среда, 14 октомври 2015