Артим Шаќири

Еден од најдобрите македонски репрезентативци на сите времиња, Артим Шаќири во периодот од 1994 до 2000 година, во неколку наврати го носеше дресот на Вардар, како дел од неговата богата професионална кариера.

Херојот од Саутемптон, е роден на 23 септември 1973 година, во с.Ливада - Струшко.

Дресот со „црвено-црните“ бои, за прв пат го облекува во сезоната 1993/94, кога клубот ја освојува и втората шампионска титула во државното првенство на Република Македонија. Една година подоцна, Шаќири со тимот на Вардар доаѓа и до двојната круна на домашната сцена.

Велемајсторот во изведувњаето на ударите од аголот, последниот трофеј како вардаров првотимец го освојува во сезоната 1998/99, со триумфот во националниот куп. На финалниот натпревар одигран против тимот на Слога Југомагнат, Шаќири со погодокот во финишот од средбатa ги постави конечните 2:0, во полза на тимот на Вардар.

За најтрофејниот македонски клуб, поранешниот репрезентативен голгетер, има одиграно 54 првенствени натпрeвaри и забележано девет настапи на меѓународната сцена, во европските купови.

четврток, 15 октомври 2015