Ангеле Божиновски

Иако за прв претседател на Спортското Друштво Вардар, е избран Димче Беловски, одговорноста да раководи со фудбалската секција му беше доверена на Ангеле Божиновски.

Функцијата Претседател на новоформираниот ФК Вардар, Божиновски ја извршуваше во првите три години од постоењето на клубот, во периодот од 1947 до 1950 година.

И покрај бројните организациски предизвици, во поглед на поставувањето и функционирањето на клубот на здрави нозе, првите забележителни резултати дојдоа многу побргу од очекувањата. Во времето на Божиновски, како главен оперативец во раководните структури, Вардар уште во својата прва натпреварувачка сезона 1948, обезбеди пласман во првата лига на тогашната ФНР Југославија.

Сепак, најголемиот успех под негово водство, беше постигнат во 1949 година, кога младите Вардарци станаа југословенски шампиони во младинската возрасна конкуренција.

 

четврток, 15 октомври 2015